ПОЧНУВАЈЌИ ОД 2022...
ВИА е проект составен од неколку културни настани во текот на годината и еден годишен главен настан со активности кои обединуваат различни уметнички форми, генерации, култури и активности во природа.
Секое лето, покануваме креативци од целиот свет да ни се придружат за трансформативно и колаборативно искуство. Пријави се и придружи ни се во 2025 година!
Ќе се придружамНастанот има за цел да поттикне дијалог и соработка меѓу различни области како театар, звук, фотографија, архитектура, кореографија и други, создавајќи заедница која ги поврзува професионалните, генерациските и културните граници.
ВИА вклучува театарски претстави, интерактивни изложби, предавања, музички концерти и активности на отворено како планинарење, посетување на пештера, вештачко качување, јога и повеќе.
Нашата основна цел е да обединиме индивидуалци и групи од различни културни и професионални средини, создавајќи простор за поврзување, истражување, споделување и дискутирање на приказни. Те очекуваме на резиденција !
Тоа сум јас !ВИА е проект составен од неколку културни настани во текот на годината и еден годишен главен настан со активности кои обединуваат различни уметнички форми, генерации, култури и активности во природа.
Главниот настан е поделен на два дела, првиот е затворена резиденција од една недела каде уметниците се фокусираат на нивната работа и два-три дена отворен фестивал каде што креативците ја прикажуваат својата работа пред отворената публика.
Погледни го видеото, разгледај го просторниот распоред и истражи ја програмата од 2024 година за да дознаеш сѐ што може да те очекува на ВИА!
Здружението КУПОЛА од Штип е непрофитна и невладина граѓанска организација посветена на уметноста, културата, истражувањето и неформалното образование.
Во моментот, главниот проект на организацијата е „Вртешка интердисциплинарни активности – ВИА", преку кој се нудат уникатни и интерактивни искуства за сите заинтересирани.
Проектот ВИА се одржува во планинарскиот дом Вртешка на планината Плачковица, на височина од 1080 метри.
Google maps"Нашиот пристап не е насочен кон пополнување на празнините, туку кон нивно внимателно истражување. Токму таму се кријат новите перспективи – во недореченото, во прашањата без конкретен одговор. И токму од тие непознати извори ја црпиме инспирацијата за да создадеме искуства што нема да понудат конечни заклучоци, туку дополнителен простор за размислување, чувствување и осознавање."
ТЕАТАРСКИ РЕЖИСЕР
ДОКУМЕНТАРЕН ФОТОГРАФ
КОМПОЗИТОР И ИНЖЕНЕР НА ЗВУК
Дом на млади Штип
Општина Штип
Министерство за култура
Драмски театар, Скопје
Национална опера и балет
НУЦК Ацо Шопов, Штип
Музичка академија при УГД Штип
Студио Меливора, Ниже Поле
Независен театар Златен Елец
Независен театар Штип
Неформално здружение Зборци